3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на „Ферари“ порасна за 34 проценти

Профитот на „Ферари“ порасна за 34 проценти

Италијанскиот произведувач на спортски автомобили „Ферари“ минатата година го зголеми профитот 34 отсто. Зголемениот профит е резултат, пред сè, на продажбата на моторите В12 и на персонализацијата на возилата.

Во „Ферари“ наведуваат дека нето-профитот на компанијата минатата година е зголемен на 537 милиони евра за разлика од 2016 година кога изнесувал 400 милиони. „Ферари“ годинава има план да испорача 9.000 возила. Продажбата стагнира само во Кина, Тајван и во Хонг Конг поради одлуката да се затвори дистрибутерот во Хонг Конг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП