6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНеодоливиот Vakkaru Maldives (фото)

Неодоливиот Vakkaru Maldives (фото)

Веројатно ќе пројде многу време пред човекот да сфати дека ништо што креирал тој не може да се спореди со креациите на мајката природа.

Овој прекрасен резорт, Vakkaru Maldives е сместен во УНЕСКО резерватот Baa Atoli.

Се прашувате веројатно што овде би можело да тргне на лошо? Веројатно ништо, бидејќи во вакво опкружување цел ден сте оптоварени само со позитивно размислување.

Магичното одморалиште се состои од дури 125 вили сместени на плажата или во вода, опремени со луксузен мебел. Погледот во бескрајното синило и кокосовите палми овде е бесплатен.

Во понудата се еднособни па се до четирисобни вили, така што и најкаприциозните гости можат да го одберат она што е идеално за нив. Ова место е совршено и за парови или семејство или пак за со пријатели. Сите се добредојдени. Уживајте!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП