4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM дели 689 откази

IBM дели 689 откази

ibm1

„IBM“ оваа година ќе затвори 689 работни места во Франција, од вкупно 9.700, колку што во моментов има информатичкиот гигант во оваа земја.

На крајот на април оваа година, светскиот лидер во секторот за информатика ги претстави разочарувачките квартални резултати, за прв пат по 2005 година.

Во овој квартал „IBM“ забележа пад на нето профитот од 1,1 проценти, на 3,03 милијарди долари, односно 2,70 долари по акција.

Со исклучок на извонредните ставки, заботката по акција изнесуваше три долари, што е за пет центи под очекувањата на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП