24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈапонскиот гигант го промени шефот, акциите скокнаа 2 %

Јапонскиот гигант го промени шефот, акциите скокнаа 2 %

Финансискиот директор на јапонскиот електронски гигант „Sony“ Кеничиро Јошида е именуван за нов извршен директор, наместо досегшниот Казуа Хираи.

Јошида, кој во 1983 година стана дел од „Sony“, во април ќе ја преземе новата функција, а најновата вест предизвика акциите на компанијата да скокнат за 1,9 проценти, пренесува британскиот весник Фајненшл тајмс.

Хираи (57), актуелниот извршен директор на „Sony“, кој на таа функција помина шест години, ќе стане претседател на групацијата.

Најновото соопштение доаѓа откако „Sony“ ги зголеми проценките за профитот за годината заклучно со март 2018 година, сега очекуваат профит од 720 милијарди јени (6,6 милијарди долари), што е за 90 милијарди јени повеќе во однос на прогнозата од октомври и нето профит од 480 милијарди јени, што е за 100 милијарди јени повеќе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП