18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДаночната реформа во САД доведе до трета годишна загуба за Deutsche Bank

Даночната реформа во САД доведе до трета годишна загуба за Deutsche Bank

Германската банка „Deutsche Bank“ денес објави нето загуба во износ од 2,2 милијарди долари за четвртиот квартал од 2017-та година и трета последователена годишна загуба. Компанијата сепак изјави дека би излегла во добивка во 2017-та година, ако не беше веќе најавеното отпишување поради даночната реформа во САД, усвоена во декември, пишува „Wall Street Journal“.

Без отпишувањето од 1,4 милијарди евра, поврзана со вредноста на одложените даночни средства, најавени во почетокот на јануари, германскиот кредитор, изјави дека учинокот на нето добивка за 2017-та година е од 900 милиони евра во споредба со загубата за претходната година од над 1 милијарди долари.

Резултатите на „Deutsche Bank“ покажуваат дека банката „оди цврсто во насока на стимулирање на растот и повисок поврат“, рече извршниот директор Џон Крајан во соопштението, „иако предизвик е пазарната средина, ниските каматни стапки и дополнителните инвестиции во технологијата и контролата“.

Банката сепак соопшти дека нето приходот за кварталот бележи пад од 19% до 5,7 милијарди евра во споредба со околу 7 милијарди евра од истиот квартал во минатата година. Ова намалување е полошо од проценката на консензусот од аналитичарите.

Продажбата на некои подружници придонесоа за пад на приходите, објави банката. Сепак приходите за кварталот како целина се намалиле за 10% без овие еднократни ефекти, што покажува дека „Deutsche Bank“ се уште доживува тешкотии да ги задржи генерираните такси пазарен удел од клучните области, вклучувајќи го бизнисот со трговија и инвестициско банкарство.

Банката се осврна на слабата нестабилност и активност на клиентите на пазарите како главни фактори за падот на приходите. Приходите од корпоративното и инвестициското банкарство се намалија за 16% за четвртиот квартал, додека оние од тргувањето со обврзници за 29%.

„Deutsche Bank“ продолжува со обидите да се врати кон раст по долгото реструктуирање под менаџментот на Крајан и менаџерскиот тим, од крајот на 2015-та година, откако ја презеде функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП