4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузното одморалиште Ranch At Laguna Beach (фото)

Луксузното одморалиште Ranch At Laguna Beach (фото)

Гордо сместено на локација каде кањоните се спојуваат со Тихиот океан, во близина на крајбрежниот автопат, се наоѓа шармантното одморалиште Ranch At Laguna Beach кое лежи на 87 ари природа, поради која ќе посакате засекогаш да останете овде.

Ова одморалиште всушност е сместено во Aliso & Wood кањоните и се наоѓа недалеку од Aliso плажата, која е начичкана со камперски огнови и место за игра, а исто така е совршена и за семејни патувања. Ranch At Laguna Beach е олицетворение на калифорниската лежерност и ви нуди комфор поради кој ќе заборавите на сите свои грижи, бидејќи ќе бидете опкружени со вистинските погодности и совршената услуга.

Ако сакате малку да се забавувате додека сте на одмор, на располагање ви е приморскиот град Laguna Beach, кој ве очекува со својата волшебна обала полна со префинети ресторани и кафулиња, уметнички галерии и бутици.

Ranch At Laguna Beach е ексклузивно одморалиште со само 97 соби за гости, кои се карактеризирани со лежерен луксуз кој е создаден за уживање. Меѓу останатото, овде можете да уживате во Wi-Fi интернет, модерни дизајнерски елементи, голф терени, прекрасен спа центар, како и фитнес центар кој е отворен 24 часа.

Тука можете да уживате и покрај базените со солена вода или во џакузи пиејки го својот коктел. Плажата која ви се наоѓа на дофат на рака, ќе ви овозможи деновите да ги поминете со беспрекорна природа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП