3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone X клоновите повторно напаѓаат (видео)

iPhone X клоновите повторно напаѓаат (видео)

Екранот кој доаѓа од компанијата „Apple“, веќе некое време е причина за дискусија, бидејќи е немилосрдно копиран, т.е. се појавува во рамките на се поголем број на „Android“ телефони. Се започна со моделот „Leagoo S9“ во минатата година, а сега е тука и на „Noa N10“, со што се придружува на семејството „iPhone“ клонови.

Експертите укажуваат на тоа дека „Noa 10“ е израбтотен на брзина, па интерфејсот воопшто не е прилагоден на екранот, и ги пореметува „Android“ иконите, како и саатот, кој се наоѓа во горниот десен агол, па не е во целост видлив поради закривениот агол на екранот. Се очекуваше дека промените во дизајнот кои ги направи комапнијата „Apple“ ќе предизвикаат реакции кај конкурентските производители, а особено кога станува збор за екранот на „iPhone X“, кој е прилагоден да ја овозможи „Face ID“ технологијата. Сепак, тука не станува збор само за технологијата на екраноти, туку и за тоа дека промената на дизајнот стана статусен симбол, т.е. знак дека корисникот во своја сопственост го има најновиот, бесмислено скап уред.

Покрај тоа што непромислено ги копира карактеристиките на „iPhone“, „Noa“ во рамките на новиот уред има и некои прилично интересни функции. Па така „N10“ доаѓа со керамичко куќиште, батерија од 3.600 mAh, 64 GB внатрешна меморија, која може да се зголеми со помош на „micro SD“ картичка, како и двојната камера од 16 MP, но и читачот на отпечатоци. Пакетот е дополнет со осумјадрениот „MediaTek MT 6763“ процесор, 4 GB RAM, a и 6,2-инчниот дисплеј со резолуција од 2160×1080 пиксели.

„Noa N10“ пристигнува со „Android 8.0 Oreo“ оперативниот истем, а се очекува да чини околу 300 евра, а екпертите очекуваат во текот на оваа година да се појават уште клонови на „iPhone X“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП