2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБонус од 5,700 евра за работниците во Mercedes

Бонус од 5,700 евра за работниците во Mercedes

Сопственикот на „Mercedes“, „Daimler“, во 2017 година продаде рекорден број на возила, а еден дел од профитот ќе им биде уплатен на сметките на работниците.

Годината зад нас беше бериќетна за сопствениците на „Daimler“ со оглед на тоа што компанијата во рамките на своите брендови испорача ширум светот рекордни 3,3 милиони возила (+ 9% во споредба со 2016 година).

Овој резултат исто така се одрази и на годишните бонуси што компанијата им ги исплаќа на вработените, и кои во однос на претходната година се зголемени за 300 евра и изнесуваат и до 5.700 евра.

Од 3,3 милиони испорачани возила, Mercedes-Benz автомобили (заедно со брендовите Maybach и Smart) продадени се 2.373.500 единици (+ 9.9%), од одделението AMG 131.970 примероци (+33%), додека Mercedes-Benz испорачал 401.000 комбиња (+ 12%) a „Daimler“ 28.700 автобуси (+ 9%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП