17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnilever објави раст на профитот и прометот во 2017-та

Unilever објави раст на профитот и прометот во 2017-та

Британско-холандската компанија „Unilever“ во четвртокот објави дека профитот пред даноците и нејзиниот промет во 2017-та година се зголемија и дека очекува дополнителен раст во следната година, пишува „MarketWatch“.

Минатата година компанијата за широка потрошувачка оствари добивка од 8,15 милијарди евра во споредба со 7,47 милијарди евра за претходната година, со раст од 9 отсто.

„Unilever“, чии брендови ги вклучуваат мајонезот „Hellmann’s“, сапуните „Dove“ и сладоледот „Ben & Jerry’s“, изјави дека прометот и е зголемен за 1,9% до 53,7 милијарди евра од 52,71 милијарди евра во претходната година. Без трговијата на производите со лубрикант што компанијата ја продаде во декември, прометот порасна за 2,2 отсто на 50,7 милијарди евра.

Основниот раст на продажбата, без продадената единица, сепак малку се забавува до 3,5% во однос на 3,7% во 2016-та година.

Акциите во британскиот индекс „FTSE 100“ ја зголемија дивидендата за четврта година по ред до 0,3585 евра од 0,3201 евра по акција во претходната година.

Главниот извршен директор Пол Полман изјави дека приоритетите на компанијата за 2018-та година се да се зголеми обемот на продажбата, да продолжи со програмата за штедење и да заврши со интеграција на единицата за храна и освежителни пијалоци.

Тој, исто така, рече дека очекувањата треба да го зголемат основниот раст на продажбата помеѓу 3% и 5% и да ја подобрат основната оперативна маргина и паричните текови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП