24 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИFujifilm го купува Xerox за 6,1 милијарда долари

Fujifilm го купува Xerox за 6,1 милијарда долари

Јапонската компанија „Fujifilm“ ќе го купи „Xerox“ за 6,1 милијарди долари, додавајќи ја американската компанија во нивното заедничко вложување. На тој начин таа ќе се зголеми, а „Fujifilm“ ќе ги намали трошоците, поради намалената побарувачка за канцелариски печатачи, објави „Ројтерс“.

Договорот објавен денес доаѓа во време кога „Xerox“ е под притисок да најде нови извори на раст, бидејќи не успее да го води својот бизнис кон раст, додека побарувачката за принтери се намалува. „Fujifilm“, исто така, се обидува да го оптимизира својот бизнис со копири, фокусирајќи се повеќе на решенија за управување со документација.

Консолидирањето на активностите за истражување и развој, како и другите операции ќе му помогне на „Fuji Xerox“ да заштеди вкупно 1,7 милијарди долари до 2022-та година, велат двете компании.

„Fujifilm“ моментално поседува 75% од „Fuji Xerox“, заедничко вложување на двете компании, кои продаваат производи и услуги за фотокопирање и Азиско-пацифичкиот регион.

Двете компании рекоа дека „Fuji Xerox“ ќе го откупи овој удел на „Fujifilm“ за околу 6,1 милијарди долари со користење на банкарски заем. „Fujifulm“ ќе ги користи средствата за стекнување за да купи 50,1% од новите акции на „Xerox“. Плановите треба да го затворат договорот во периодот јули-август.

Името „Fuji Xerox“ ќе биде задржано и ќе стане подружница на „Fujifilm“, со две седишта во САД и Јапонија, и ќе бидат претставени на берзата во Њујорк. Тој ќе биде предводен од извршниот директор на „Xerox“, Џеф Џејкобсон, додека главниот извршен директор на „Fujifilm“, Шигетака Комори ќе биде претседател.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП