29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасниот имот „Carolwood“ (фото)

Прекрасниот имот „Carolwood“ (фото)

Ова е еден од најлуксузните домови на денешницата, тој ќе ве импресионира со својата убавина и пространост… неговото име е „Carolwood“

Воопшто не треба да ве зачуди цената на овој имот која изнесува 90 милиони долари, бидејќи овој дом навистина вреди за секој долар….

Со местоположба во приватното соседство на Лос Анџелес, имотот „Carolwood“ е изграден на површина од 4 хектари зeмја. Резиденцијата поседува 17 бањи и 8 спални соби кои се простираат на три нивоа.

Потенцијалните купувачи ќе бидат пречекани од спектар на модерни погодности како што е големиот базен, медиа собата, теретаната, библиотеката, тениските терени, вински подрум и прекрасното зеленило кое e распослано околу целиот имот.

Целиот имот е затворен со огромна жива ограда и е далеку од очите на јавноста, тој поседува врвен безбедносен систем.

Погледнете ги фотографиите…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП