15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот Vivo е смартфон со досега најголема RAM меморија

Новиот Vivo е смартфон со досега најголема RAM меморија

Последниве неколку години се сметаше дека 8GB RAM меморија е повеќе од доволна количина за повеќето пресонални и преносни компјутери.

А потоа истата таа количина на меморија започна да се појавува и на мобилните телефони, што искрено говори, дека повеќе послужи за докажување на можностите на некои производители, отколку за вистинската потреба.

Сепак, се чини дека наскоро ќе добиеме и еден паметен телефон, кој според количината на работната меморија, ќе мине чекор понапред. Идниот модел „Vivo Xplay7“ според актуелните информации, ќе има дури 10GB RAM, односно два повеќе од многуте премиум модели.

Судејќи според информациите, „Vivo“ нема намера да застане само на зголемувањето на работната меморија.

„Xplay7“ ќе добие и значително зголемување на просторот за складирање на податоците, кој ќе се движи се до 512GB. Исто така се открива дека овој модел ќе биде заснован на процесорот „Snapdragon 845“ и ќе има 4K eкран.

Бидејќи „Vivo“ веќе претстави телефон под чиj екран се наоѓа скенер за отпечаток на прстот, се верува дека таа опција исто така ќе се најде и на моделот „Xplay7“.

Покрај споменатото, засега нема повеќе детали за овој уред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП