25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s подготвува бум: Во 2018 уште 1000 нови ресторани

McDonald’s подготвува бум: Во 2018 уште 1000 нови ресторани

Американскиот ланец за брза храна „McDonald’s“ ќе инвестира околу 2,4 милијарди долари капитал и ќе отвори 1.000 нови ресторани во светот во 2018 година.

„Во 2018 година, планираме да инвестираме околу 2,4 милијарди долари капитал, од коj најголем дел ќе бидe посветен за реинвестирање во нашите постоечки локации. Нашиот план за развој подразбира и отворање на 1.000 нови ресторани на „McDonald’s“, изјави финансискиот директор на „McDonald’s“, Кевин Озан, пренесува CNBS.

Компанијата во четвртиот минатогодишен квартал имаше 5,34 милијарди долари приходи, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа приход од 5,26 милијарди долари.

Нето добивката на компанијата достигна 698,7 милиони долари, или 87 центи по акција, што е пад во однос на 1,19 милијарди долари или 1,44 долари по акција од истиот период во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП