3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна руска вила која маѓепсува (фото)

Луксузна руска вила која маѓепсува (фото)

Доколку сте љубител на луксузот и луксузниот животен стил, тогаш многу добро знаете што се ja прави една вила да е луксузна…

Од величенствен стил на градбата, современиот декор и уметничките дела, гламурозниот мебел и префинетите детали, една луксузна вила мора да го содржи најдоброто од се.

Една вила посебно се издвојува по својот луксуз, а се наоѓа во Соколов, на два километри од Москва. Во прашање е современа мега-вила, која потсетува на палата од старите времиња, кога грандиозноста и гламурот биле обележје на богатите и успешни луѓе. Таа од неодамна е ставена на продажба, а со цената од 80 милиони долари, таа стигна и до листата на најскапи домови во Русија.

Има околу 3.000 метри квадратни простор, кој се простира на приватен имот од седум хектари. Кога ќе влезете внатре во вилата, на момент ќе се вратите во добрите стари времиња, поради совршеното грандиозно фоаје кое се простира на два ката и кое го красат двојни скалила.

Оваа вила има пет сјајно декорирани спални соби и 14 бањи. Нема потреба да нагласуваме дека нејзините ентериери се ремек дела на декорирањето и дизајнот, со екстремна внимателност посветена на деталите и декорацијата. Доколку се одлучите да ја купите оваа вила, знајте дека треба да си ја донесете само облеката и вашите лични предмети, бидејќи на продажба е ставена во потполност наместена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП