4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕУлтралуксузната суперјахта Invictus (фото)

Ултралуксузната суперјахта Invictus (фото)

Бродоградилиштето со седиште во Сиетел, наречено „Delta“, ја креираше оваа величенствена суперјахта со должина од 66 метри, наречена „Invictus“.

Оваа јахта претставува ексклузивна можност вашиот летен одмор да го поминете во неа, се разбира доколку за сето тоа поседувате средства.

Ентериерот на оваа јахта е исполнет исклучиво со луксуз и префинетост. Прозорите од подот до таванот нудат совршен поглед кон водата, додека елементите и деталите во внатрешноста ќе ви ја овозможат секоја услуга која ви е потребна.

Просторот е исполнет со префинети материјали, мебел, луксузни катчиња за големо уживање. Јахтата поседува 5 луксузни спални и 4 бањи во кои ќе ја почувствувате вистинската естетика, исто така има и голем салон и прекрасна трпезарија, мини кафуле и уште многу интересни нешта.

Покрај луксузните елементи како џакузи и простор за релаксација, оваа јахта содржи и теретана и приватно кино со врвно уреден ентериер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП