9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIntesa Sanpaolo има нов план за „лошите кредити“

Intesa Sanpaolo има нов план за „лошите кредити“

Најголем приоритет во новиот деловен план на италијанската Intesa Sanpaolo банка ќе биде намалувањето на изложеноста на неквалитетни кредити, изјави извршниот директор Карло Месина.

Месина на Светскиот економски форум во Давос изјави дека е подготвен да го претстави новиот план.

Најголемиот италијански малопродажен кредитор треба да го претстави својот бизнис план на 6-ти февруари. На почетокот на јануари банката соопшти дека размислува за продажба на својот бизнис дел за наплата на долгот и лошото кредитно портфолио на шведската комапнија „Intrum Justitia“, маркирајќи ги стратешките промени.

Досега „Intesa Sanpaolo“ преферираше да управува со своите проблематични кредити интерно преку единицата за лоши кредити.

„Intesa Sanpaolo“ на крајот на септември 2017 година имаше 54 милијарди евра бруто лоши кредити или 13,7 проценти oд вкупниот износ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП