20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕLeobo - Ексклузивен приватен резерват (фото)

Leobo – Ексклузивен приватен резерват (фото)

Во прекрасното природно опкружување во Вотерберг регионот во Јужна Африка, сместен е неповторливиот приватен резерват „Leobo“…

Оваа луксузна сафари ложа од 12.000 хектари, во многу безбеден регион на Африка, ви нуди можност за уживање во природната убавина на дивината, во комплетна изолација од модерниот свет и бучавата која го следи, но без откажување од луксузните погодности.

Овој приватен резерват ви нуди многу луксузно сместување, во кое имате услуга од батлер и приватен готвач, како и совршени можности за забава.

Главната атракција на ова место е Опсерваторијата, до која пристап имаат само најбогатите гости кои доаѓаат.

Дизајнирани од страна на Силвио Рич и Лесли Карстенс, ентериерите на оваа прекрасно место се полни со преубави елементи и уникатни артефакти.

Едно од омилените места на посетителите е библиотеката на две нивоа, која се наоѓа во кулата со заоблен покрив, а се отвора кон небото со помош на многу моќен телескоп.

Овој резерват е достапен само за многу ексклузивни клиенти, кои можат да бираат дали ќе бидат сместени во Ложата или во Опсерваторијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП