Со своите девет спални соби со неверојатен поглед на море, вилата IL Siciliano е многу моќна и елегантна…
Ова е инспиративно место за бегство од гужвите и реалноста. Се наоѓа на источниот брег на Сицилија, во бујна долина, а секако, ви нуди вам високо ниво на приватност и уживање.
Прекрасниот пат меѓу лимоновите дрва ви го отвора патот кон главниот влез. Од далечина вилата изгледа многу импозантно со своите високи ѕидови, прекрасните прозорци кои подсетуваат на неокласичниот стил, а тука е и големиот балкон, совршен за релаксирање.
Ова е место каде се соединуваат минатото и иднината. Внатрешната градина е дом на современата спална соба, а балконот на другиот кат има авангардни детали од стакло.
Асоцијацијата старо-ново може да биде забележана и внатре во вилата. Некои од ентериерите претставуваат шармантен контраст на зачуваните, стари ѕидови и модерниот мебел. Дали ви се допаѓа овој микс?