19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАУред кој го открива ракот, маларијата и други болести

Уред кој го открива ракот, маларијата и други болести

ured

Британски научник кој работeл во својата гаража создал евтин и лесен за употреба уред со чија помош за 10 минути може да се открие речиси секоја болест како што се туберкулоза, маларија и заразата со ХИВ, како и рак.

Уредот „Q-POC“ чини 500 фунти и прави микроанализа на туморите и генетските маркери на различни болести пред да се препорачаат најуспешните лекови во борбата против нив.

Првите прототипи на Q-POC веќе се во напредна фаза на клинички испитувања и можат да бидат препорачани за употреба од Националната здравствена организација најрано до следната година.

Експертите веруваат дека уредите имаат потенцијал да го продолжат животот на новодијагностицираните пациенти со рак и да спасат милиони луѓе кои страдаат од заразни болести како маларија, туберкулоза или се заразени со ХИВ.

„ Овој уред се користи за добивање, повторување и анализа на ДНК од тумори и други примероци за да е сигурно дека врз основа на добиените резултати на пациентот да му биде препорачано најдоброто за конкретниот случај, лекување. Идејата е тоа лесен и ефтин уред за употреба наскоро да биде достапен за употреба од страна на лекарите и здравствените служби “, вели пронаоѓачот, Џонатан О’Халоран.

Производството на „Q-POC“ е развиено во соработка со британската компанија “QuantuMDx” и Универзитетот од Њукасл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП