24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасниот Oberoi Gurgaon хотел во Индија (фото)

Прекрасниот Oberoi Gurgaon хотел во Индија (фото)

Со локација во северна Индија, на 20 милји од Њу Делхи, Гургаон е брзо растечки град, совршен за отворање на луксузен хотел…

„Oberoi Gurgaon“ хотелот, отворен во 2011 година е совршено место за деловни луѓе, како и било кој друг вид на патници кои ќе се најдат во тој крај на светот. Хотелот се наоѓа на само 15 минути од интернационалниот аеродром во Њу Делхи.

Овој прекрасен хотел има 202 многу пространи соби, со големи LED TV сетови, електронски сефови, личен батлер и уште многу други погодности. Некои апартмани имаат и приватни базени со греење во кои гостите можат да се опуштат, додека пак, сите гости имаат неограничен пристап до сап и фитнес центарот. На гостите, исто така, достапен им е и отворениот базен, со контролирана температура на водата за максимално уживање.

Што се однесува до храната, овде можете да најдете префинети барови и ресторани, како и 24-часовна собна услуга. Едно од подобрите искуства кои можете да ги вкусите е „All day Cooking Theater“, со пет интерактивни кујни кои ви нудат традиционална јапонска, кинеска и индијска кујна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП