2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк го вклучи јуанот во девизните резерви

Бундесбанк го вклучи јуанот во девизните резерви

Германската централна банка одлучи да го вклучи кинескиот јуан во своите резерви, што дава дополнителен импулс за меѓународниот статус на валутата, рече „Bloomberg“.

За време на настан во Хонг Конг во понеделникот еден од членовите на Управниот одбор на „Бундесбанк“ – Андреас Домбре, изјави дека одлуката е донесена минатата година по инвестицијата од 500 милиони евра на Европската централна банка, од која германската банка е дел. Тој додаде дека не може да коментира за обемот кој ќе биде распределен.

„Јуан се повеќе се користи како дел од девизните резерви на централната банка – на пример, ЕЦБ го вклучи јуанот, но и другите европски централни банки го сторија истото“, рече Домбер во својата изјава.

По растот по усвојувањето на јуанот во кошничката на валутите на Меѓународниот монетарен фонд во 2016-та година, нејзиниот пораст забави. Поради сѐ уште наметната контрола на капиталот, втората по големина економија во светот падна на шестото место на најкористена валута во светот од четвртото место во август 2015-та година, според податоците на „Swift“.

„Сумата не е голема, но е нешто за што зедовме решение и од она што сакаме да бидеме дел“, рече Домбре, кој е одговорен за банкарската супервизија во „Бундесбанк“, во интервју за „Bloomberg“. „Фактот дека јуанот сега е дел од кошницата на ММФ и фактот што ЕЦБ одлучи да го стори тоа се двата фактори што ги разгледавме“.

Грешките на патот кон пофлексибилен јуан во 2015-та година ја натераа Кина да ја удвои контролата на капиталот и нема јасен сигнал дали тој ќе биде укинат наскоро. Загриженоста за дестабилизирачките потези и понатаму ја отежнува стабилноста на владата. Јуан порасна за 6,8% во однос на доларот во 2017-та година.

„Бундесбанк“ вложува напори да го воспостави Франкфурт како европски центар за тргување со кинеската валута, иако официјални лица велат дека условите не се употребуваат значително. Домбре укажа на забрзаното темпо на иницијативата „New Silk Road“ дека Кина се обидува да воспостави нови трговски односи со своите азиски и европски соседи како фактор што може да ја забрза употребата на јуанот.

„Очигледно е дека втората по големина економија во светот е политички чувствителна низ целиот свет“, рече тој, истакнувајќи дека „трговските односи со Кина ќе растат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП