1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВојна на најголемите: Ferrero го купува бизнисот на Nestle

Војна на најголемите: Ferrero го купува бизнисот на Nestle

Италијанската компанија „Ferrero“ сака да ја преземе чоколадната филијала на „Nestle“ во САД, која го вклучува и брендот „Crunch“.

„Ferrero“ понуди 2,5 милијарди долари за тоа преземање, а работата би требало да се заврши за една недела.

Како што наведуваат медиумите, „Ferrero“ околу оваа аквизиција нема сериозна конкуренција, а со оваа аквизиција би станал третиот по големина производител на кондиторски производи во САД после „Hershey“ и „Mars“.

„Ferrero“ минатата година оствари промет од десет милијарди евра, а вработува повеќе од 40,000 лица. Групацијата има 86 филијали, 22 производствени погони и продава во повеќе од 170 земји ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП