25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМожност за успешно искачување кон врвот во вашата професионална кариера!

Можност за успешно искачување кон врвот во вашата професионална кариера!

Отворен повик за студирање на постдипломските студии на Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје

Пред еден месец Државниот Економски факултет – Љубљана при Универзитетот на Словенија, преку својот Регионален центар во Скопје, го отвори уписот на постдипломски студии на Меѓународната бизнис академија (IBA – International Business Academy, Master programme). Аплицирањето е отворено до 15 февруари 2018 година.

Програмата, која што веќе 10 години се изведува и во регионалниот центар во Скопје, го дава сето академско и практично знаење што е потребно за подобрување на бизнис кариерата затоа што студиумот е целосно во изведба на Економскиот факултет – Љубљана, еден од најдобрите во Европа и светот. Тој е првиот и моментално единствениот факултет во Југоисточна Европа со највисоките меѓународни акредитации EQUIS, AASCB и AMBA.

На мастер програмата може да аплицираат економисти и неекономисти  (менаџери, претприемачи, амбициозни експерти за технологија, дипломирани студенти и секој кој сака да се стекне со аналитички и лидерски знаења и вештини со цел да идентификува и реши комплексни бизнис проблеми). Оваа меѓународна постдипломска програма ја имаат завршено бројни професионалци од познати компании како Македонски Телеком, Алкалоид, Belupo – Македонија, Стопанска банка, Комерцијална банка, RHAU Maкедонија, НБРМ, ЕВН Македонија, OSCE, USAID, Американската стопанска комора во Косово, Прокредит банка – Косово и други овозможувајќи им напредок во кариерата и напредок на нивните компании.

Меѓународната мастер програма нуди одлични можности за контакти и вмрежување со голем број професионалци од бизнис средината како дел од Алумни клубот со повеќе од 10.000 членови и интернационалната бизнис асоцијација – “Beta Gamma Sigma”.

Заинтересираните кандидати за детални информации може да се обратат до Регионалниот центар на Економски факултет – Љубљана во Скопје ([email protected]; 070 338 570) или да го посетат следниов линк: http://bit.ly/2CWFD2e

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП