8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDell лансира серија накит изработенa од рециклирани компјутери

Dell лансира серија накит изработенa од рециклирани компјутери

Нова линија на накит беше пуштена оваа недела од последното место на Земјата, од кое секој разумен човек би побарал моден совет, но зад проектот стои производителот на компјутери „Dell Computers“. Компанијата прави ограничена серија на накит креирана од злато, кое е добиено од рециклирани компјутери, пишува „TechCrunch“.

Во рамките на проектот „Dell“ се здружил со актерката Ники Рид, нудејќи прстени, обетки и нараквици од 14 и 18-каратно злато. Иницијативата е повеќе начин да се привлече внимание кон напорите за рециклирање, но дефинитивно е доста убав начин тоа да се направи.

Според Американската агенција за заштита на животната средина само 12,5% од електронскиот отпад се рециклира, што значи дека околу 60 милиони долари во форма на злато и сребро се исфрлени секоја година од стари телефони.

„Dell“ тврди дека новите ефикасни процеси на рециклирање и дале на компанијата пристап до материјалот, па таа одлучи да направи нешто интересно со златото. Ники Рид е дизајнер на накит.

Тие се претходно се нарачуваат. Нивните цени се движат од 78 долари за златен прстен до 348 долари за пар манжетни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП