4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesco триумфираше во битката за продажба по Божиќ на Островот

Tesco триумфираше во битката за продажба по Божиќ на Островот

Најголемата британски синџир на супермаркети „Tesco“ се претстави најдобро по Божиќ, покажуваат податоците на „Kantar Worldpanel“, според кои синџирот предвидува 3,1% раст на продажбата во последните 12 недели, победувајќи ги големите ривали „Sainsbury’s“, „Asda“ и „Morrisons“, пишува „Ројтерс“.

„Asda“, сопственост на „Walmart“, забележа раст од 2,2% во периодот до 31-ви декември, додека 2,1% зголемување на продажбата оствари „Morrisons“. Зголемувањето на продажбата на „Sainsbury“ во сезоната е 2%.

Растот во „Aldi“ и „Lidl“ сепак продолжи да ги надминува „четирите големи“, а и двата супермаркети се пофалија со раст од 16,8%.

Инфлацијата на храната во Велика Британија изнесуваше 3,7% за периодот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП