25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ со сто милиони евра помош за Палестина

ЕУ со сто милиони евра помош за Палестина

euflag

Европската унијa во вторникот најави дека ќе деблокира 100 милиони евра за помош на палестинските власти и за Агенцијата на Обединетите народи за палестинските бегалци (UNRWA).

ЕУ одлучи својот прв дел, со кој ќе помогне на палестионскиот народ,  да го исплати  на почетокот на оваа 2013 година, со што би ја загарантирала поддршката на палестинските власти и како не би се прекинала подршката на „UNRWA“, изјави Европската комисија.

Таа прецизирала дека оваа транша за помош изнесува 60 милиони евра за механизам на подршка за палестинските власти, кој е свој буџетски дефицит на јавните служби и администрација. Помошта ќе биде употребена за исплата на платите на работниците и пензиите за првиот квартал.

Околу 40 милиони ќе бидат испалтени за буџетот „UNRWA“ во програмата за образование, здравство и социјални служби на Западниот Брег и Газа, како и во Јордан, Сирија и Либан.

„Европската унија повторно превзема максимални сили за поддршка на палестинските власти и UNRWA“, изјави претставникот на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон.

„Одлучни сме да продолжиме да ја даваме нашата подршка и да ги повикаме и другите да постапуваат исто“, додаде Ештон.

Еу е главен донатор на Палестина, со оклолу 300 милиони евра годишно од буџетот на Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП