18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank ќе изгуби 1,5 милијарди долари поради американската даночна реформа

Deutsche Bank ќе изгуби 1,5 милијарди долари поради американската даночна реформа

Најголемата германска банка – „Deutsche Bank“, денеска соопшти дека очекува годишна загуба за 2017-та година по сметководство на даноците, и под влијанието на американската даночна реформа, пренесоа агенциите.

Намалувањето на даноците во САД ќе се одрази на групата со трошоци од околу 1,5 милијарди долари во споредливи норми по меѓународните стандарди за финансовo известување (МСФО) во четвртиот квартал, објаснува банката во соопштението.

Како резултат на овој даночен ефект, „Deutsche Bank“ очекува умерена загуба за 2017-та година, се вели во извештајот.

Кредитната институција нема точна проценета формула за изминатата година, но беше оствари порано подобрување на финансиските остварувања по чиста загуба од 1,4 милијарди евра во 2016-та година и скоро 7 милијарди евра во 2015-та година.

Во третиот квартал од 2017-та година, нејзината нето-добивка се зголеми повеќе од двојно благодарние, особено за намалување на трошоците за реструктуирање и судските постапки.

Американската даночна реформа усвоена од администрацијата на претседателот Доналд Трамп во крајот на декември, ќе предизвика големи трошоци и кај други компании кои го искористија системот, за да плаќаат помалку даноци во САД во предвид на не особено гламурозните финансиски резултати.

Корпоративното оданочување во САД е намалено од 35 на 21 отсто.

„Deutsche Bank“ ќе ги објави своите прелиминарни резултати за четвртиот квартал од финансиската година 2017-та на 2-ри февруари.

На берзата во Франкфурт акциите на банката поевтинија со 4,36 отсто до 15,62 евра во позадина на зголемувањето на акциите како целина со 0,95 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП