29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕХрам на ултимативниот луксуз (фото)

Храм на ултимативниот луксуз (фото)

Неверојатната вила, наречена Хималаja во Вал Дизер во Франција е одраз на ултимативниот луксуз…

Оваа прекрасна луксузна колиба е опишана на совршен начин: „Замислете се себеси изгубени во снежно невреме на ледена планинска патека. Снегот на момент се расчистува и пред очите ви се појавуваат осветлени прозори од идилична куќа од камен. Влезете внатре и почуствувајте ја топлината и магичното чувство на моќ и луксуз“.

Оваа француска луксузна колиба, навистина опремена на најдобар можен начин, ви нуди вам најудобен комфор и луксуз, со персонал кој е тука за вас за се, од подготвување на оброци до превоз на која било локација, па така одморот може да ви биде едно навистина непроценливо искуство.

Декорот на оваа магична колиба е дизајниран да ви го загрее телото и духот: богати ткаенини од топли и сензуални бои, мека и удобна постелнина со акцент на крзно, топли камини, сауна, бањи кои се совршено дизајнирани до последен детал…

Од својот почеток, кога била манастир во 17 век, оваа куќа добила допир на модернизација: некои оргинални елементи како што се камените ѕидови и големиот камен камин се оставени недопрени, мебелот за седење покрај прозорците и понатаму е тука, само сега е поудобен и полуксузен.

Опкружени сте со елегантната историја на ова место, со сите модерни погодности кои би можеле да ги посакате. Платното од киното се појавува кога ќе притиснете само едно копче, еден тесен базен го поврзува ентериерот со екстериерот.

Оваа наизглед едноставна колиба е комбинација со пет ѕвезди кои ги мешаат неверојатните историски детали со современиот амбиент. Погледнете, па самите уверете се во ова што ви го зборуваме…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП