5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТрeвис Каланик продава 29% од својот удел во Uber

Трeвис Каланик продава 29% од својот удел во Uber

Поранешниот извршен директор на „Uber Technologies“, Тревис Каланик одамна се фалеше дека никогаш не продавал акции од компанијата, на која е ко-основач, но сега планира да продаде околу 29% од својот удел во услугата за споделено патување, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори запознаени со предметот.

Каланик ќе добие околу 1,4 милијарди долари од договорот со „SoftBank“ и конзорциумот од инвеститори која го оцени „Uber“ на 48 милијарди долари, тврдат изворите кои посакале анонимност. Каланик кој поседува 10% од компанијата, предложил за продажба половина од својот удел – максималното што членовите на одборот имаат право да продадат. Тој мораше да го смалува предлогот поради ограничувања наведени во договорот меѓу „Uber“ и купувачите, истакнуваат изворите.

Каланик, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, ќе стане вистински милијардер за прв пат благодарение на продажбата. Тој беше принуден да поднесе оставка минатата година, откако компанијата се соочи со голем број на правни прашања и истраги од страна на владите за тоа како работи компанијата. Освен тоа Каланик влезе во акутна полемика со „Benchmark“, еден од најраните и најголеми инвеститори во „Uber“, кој исто така продава дел од својот удел.

Портпаролите на „Uber“ и Каланик одбија да коментираат.

„GV“, фирмата за ризичен капитал на „Alphabet“, нуди значително помал дел од својот удел во „Uber“, иако единицата за автономни автомобили на „Alphabet“ – „Waymo“, го суди „Uber“ за кражба на деловни тајни.

Договорот со „SoftBank“ се очекува да биде завршен подоцна овој месец. Откако ќе биде финализиран, ќе влезат во сила редица реформи во управувањето кои ефикасно ќе го намалат влијанието на Каланик во „Uber“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП