7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМicrosoft најавува нов kinect и за Windows

Мicrosoft најавува нов kinect и за Windows

kinekt

Откако ја претставија својата нова играчка конзола „Xbox One“, која меѓу останатото ќе биде опремена и со нова верзија на „Kinect“, „Microsoft“ за следната година најави сличен додаток и за компјутерите кои работат на оперативниот систем „Windows“.

Новиот „Kinect“ за „Windows“ би требало да ја користи истата технологија како и кај онаа за „Xbox One“, односно да им овозможува на корисниците да управуваат со компјутерот со помош на движењата на рацете и гласот. Ќе бидат вклучени камера со поголема резолуција и микрофони со технологија за отстранување на бучавата. Тука е и технологијата наречена „Time-of-Flight“ која мери колку време е потребно за да се добие сликата од лице или објект.

Сите овие карактеристики би требале да осигураат поголема точност и прецизност во откривањето на дивжењата и гласовните команди, односно да овозможат следење на деловите на телото, а со помош на инфрацрвени сензори ќе биде овозможено подобро да се гледаат и во темни простории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП