26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСамо 12 милиони долари ве делат од овој имот кој зрачи со...

Само 12 милиони долари ве делат од овој имот кој зрачи со луксуз (фото)

Овој префинет имот, каков што досега не сте виделе, е сместен на површина од 5,44 хектари на улицата Линколн Лејн и сега може да биде ваш…

Цената на овој прекрасен имот, кој има многу луксузни елементи и погодности е 11,995 милиони долари. Оваа вила има речиси 2.000 квадратни метри површина со луксузно опремен и декориран простор.

Има шест спални соби и 12 бањи, а во целиот ентериер можат да се забележат најпрефинетите завршни детали и неверојатните погодности. Во рамките на оваа вила постои и куглана која е опремена со најмодерните елементи како и професионална теретана, приватно кино, игротека, вински подрум и дриги, а има и интегрирани Lutron/Savant системи и уште многу други нешта.

Во екстериерот на оваа вила ве очекува величествен простор. Тука е базенот со стаклени плочки, џакузи на отворено, ложата покрај базенот вградена во спа стил, цветна градина, неколку сјајни водопади, спортски терен, како и професионално дизајнирана куќичка на дрво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП