26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот „часовник на долгот“ брои наназад

Германскиот „часовник на долгот“ брои наназад

Кампањата на Берлин за фискална дисциплина оствари мало, но симболично достигнување во оваа недела: за прв пат по над две децении внимателно следениот „часовник на долгот“ на Германија се движи обратно.

Часовникот, кој, и покрај неговото име, кој претставува бројач, беше репрограмиран на 1-ви јануари за да се земат во предвид новите федерални и регионални буџетски планови. Тој сега отчукува со минус 78 евра во секунда, што покажува за прв пат дека јавниот долг на земјата опаѓа. Во 2009-та година, на почетокот на финансиската криза, тој покажа дека долгот на Германија се зголемува со стапка над 4.400 евра во секунда.

Т.н. „Schuldenuhr“ е поддржан од Германската федерација на даночни обврзници и е изложен во седиштето на групата во Берлин.

До оваа недела црвените бројки внимателно споменуваа за влошената фискална позиција на Германија: од јуни 1995-та година, кога е поставен часовникот, долгот по глава на жител се зголемува од 12.830 евра до сегашното ниво од 23.827 евра.

Неодамна, сепак се гледа стабилно подобрување на јавните финансии на земјата, додека владата на Ангела Меркел управува со балансиран буџет секоја година од 2014-та година. Поради зголемената економија на Германиј, идната влада најверојатно ќе се радува на буџетски суфицит од околу 30 милијарди евра во следните четири години. Ова предизвикува политички дебати дали парите треба да се трошат за зголемување на јавните инвестиции или намалување на даноците.

Промената во фискалната позиција се одразува на часовникот дури сега, бидејќи неговите пресметки се базираат на официјалното буџетско законодавство, а не врз реалните решенија за трошоците и заемите донесени од федералните и регионалните министри за финансии.

Рајнер Холцнагел, претседател на групата, вели дека Германија „тргна по добар пат“ од гледна точка на балансиран буџет, но инсистира дека политичките лидери треба да вложат повеќе напори. „Сите овие добри вести за вишоците и избалансираните буџети ги натераа луѓето да веруваат дека сè е добро во смисла на долг. Тоа не е така. Ние дури и не ги покриваме Мастришките критериуми“, вели тој.

Според критериумите, земјите-членки на ЕУ мора да го задржат јавниот долг под 60% од БДП-то.

Обемот на предизвикот со долгот на Германија се нагласи фактот дека со сегашната стапка на намалување ќе поминат околу 800 години, за да се отстранат обврските во износ од нешто под 2 илјади милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП