18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair соборува рекорди и покрај големиот број откажани летови

Ryanair соборува рекорди и покрај големиот број откажани летови

Нискобуџетната авиокомпанија „Ryanair“ минатата година превезлa 129 милиони патници, со што достигнала нов рекорд, и покрај проблемите, откажувањата и забавувањето на крајот на годината.

Првата европска авиокомпанија според бројот на превезени патници имала за 110 проценти повеќе патници минатата година во споредба со 2016 година, што е нов рекорд за оваа ирска компанија.

Замавот на растот сепак забави на крајот на годината така што двоцифрениот раст забележан на почетокот на годината, на годишно ниво, прејде во скромен раст околу есента и зимата. Во декември „Ryanair“ превезе 9,3 милиони патници, што е само три проценти повеќе отколку во претходната година.

Групата сепак имала пораст на стапката на пополнетост на своите авиони, на 95 проценти во декември, што е еден процент повеќе отколку во декември 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП