6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го зголеми производството на гас за 12,4 проценти

Газпром го зголеми производството на гас за 12,4 проценти

Рускиот гигант Газпром го зголеми производството на гас за 12,4 проценти на 472 милијарди кубни метри и извозот во Европа за 8,1 проценти на 193,6 милијарди кубни метри во 2017 година, изјави денес директорот на Газпром, Алексеј Милер.

„Газпром во 2017 година произведе 471 милијарда метри кубни гас, што е повеќе за 12,4 проценти отколку во 2016 година. Ова е најдобриот раст на производството во историјата на компанијата“, изјави Милер, пренесува агенцијата Тас.

Милер додаде дека 2017 била година на нов рекорден извоз за Газпром.

„Поставивме нов рекорд со извозот на годишно ниво. Според оперативните податоци, минатата година компанијата извезла 193,8 милијарди кубни метри гас до државите кои не се дел од Заедницата на независни држави, што е за 14,6 милијарди метри кубни повеќе од претходниот максимум од 2016 година, односно 179,3 милијарди метри кубни“, изјави Милер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП