25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна вила во англиски стил (фото)

Луксузна вила во англиски стил (фото)

Сместена во градот Ешвил, оваа прекрасна вила го претставува шармот на англиските вили во срцето на Северна Каролина…

Изградена во 1925 година, оваа вила неодамна пројде низ процес на реставрација од страна на своите моментални сопственици, кои додадоа повеќе модерни елементи, но сепак го задржаа оригиналниот изглед. Интригантниот микс на старото и новото ќе биде нешто што сите сопственици ќе го ценат. Некои од овие елементи се подовите од цврст даб, дрвените облоги и акценти, покрај старите француски врати од даб, кои го поврзуваат величестениот формален влез со прекрасниот салон за прием на гости.

Оваа вила со површина од околу 1.000 метри квадратни има шест спални соби и пет бањи, како и канцеларија и игралница. Две бањи имаат свои приватни камини, кои уживањето во топлата и пенаста купка ќе го подигнат на сосема ново ниво. „Stratford Towers“ вилата лежи на имот со површина од 2,89 хектари со прекриен дел на дворот во кој се излегува од дневната соба и трпезарија, има градина за медитација, фонтана, базен и видиковец.

Оваа вила во моментов е на продажба по цена од 4,979 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП