28 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗа луксузен одмор во Барселона посетете го Yurbban Passage (фото)

За луксузен одмор во Барселона посетете го Yurbban Passage (фото)

На сцената на луксузните хотели во Барселона, имаме еден нов – станува збор за магичниот Yurbban Passage Hotel кој нуди единствена атмосфера и супериорен стил, кои во целост се вклопуваат со делот од градот во кој се наоѓа…

Овој луксузен хотел специјално е дизајниран за на гостите да им понуди можност за автентично искуство во Барселона, што го прави на неколку начини – од промовирање на локалните производи, до акцентирање на локалната каталонска култура.

Сместен во Ciutat Vella, на мала оддалеченост од La Ramble или барселонската катедрала, овој бутик хотел нуди уникатно културно искуство, проследено со неверојатен поглед, базен на кровот и прекрасен спа центар, елегантен ресторан и бројни други погодности.

Водата со краставица или освежувачката Lolea Sandria се избори кои морате да ги направите пред да се пријавите во овој прекрасен хотел и да уживате во една од неговите шеесет модерни и прекрасно уредени соби. Овде ве очекува бесплатен wi-fi, се што е неопходно за подготовка на кафе или чај, како и flatscreen TV со сателитски канали и луксузна бања. Притоа, тоа се само некои од погодностите кои ги нудат овие соби.

Yurbban Passage Hotel на својата кровна тераса го нуди апсолутно најдобриот можен поглед на градот, додека неговиот базен на отворено е опкружен со лежалки, бар и кафе, кои одморот ќе ви го направат уште поубав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП