19 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКуќа од соништата на продажба (фото)

Куќа од соништата на продажба (фото)

Еден од најдобрите имоти на вода кој се наоѓа на Кејп Корал ќе биде продаден на аукцијата „Absolute“, која ќе се одржи на 10. јануари…

Со неограничениот пристап до вода, односно до мексичкиот залив и идеалните дестинации за риболов и едрење, на само девет минути од пристаништето, овој прекрасен имот е вистински рај за љубителите на морето и активности во вода. Прекрасната медитеранска вила е сместена на само неколку минути одалеченост од плажите од светската класа во Санибел и на Каптива Островите. Но, на кого му е потребна јавна плажа, кога во својот заден двор имате прекрасен имот во кој можете да уживате.

На сите три нивоа оваа вила има веранди кои се протегаат преку целиот заден дел и тие нудат спектакуларен поглед на вода и отворен пристап до убавата клима на Флорида.

Внатре, формалните и лежерни простории се совршено придружени со две гурмански кујни, два одовоени простора за семејно време и забава, вклучувајќи ја собата за голф, барот, тв собата и трите приватни канцеларии кои се идеални за работа во мир и тишина, или опуштање со омилениот роман.

Двата пространи главни апартмани претставуваат ултимативен луксуз и нудат неспоредлив поглед кој им е достапен и на сопствениците и на нивните гости. Елегантните завршни детали, како што е бразилското шери дрво и тревертин мермерот можат да се забележат во целиот простор на оваа вила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП