25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБајковит хотел во Австрија (фото)

Бајковит хотел во Австрија (фото)

Како и многу други места во Австрија, градот Иглс во близина на Инсбрук, зрачи со интересен шарм кој е комбинација на сликовитата околина и величествената архитектура на старите градби и замоци.

Токму тој бајковит амбиент кој го опкружува „Schlosshotel Igls“ е она што прави ова место да биде незаборавно. Сместен во срцето на прекрасното плато на тиролските Алпи, овој хотел е опкружен со големи паркови и градини, а погоден е за одмори во текот на целата година, иако зимата му дава најубав изглед поради прекрасната снежна покривка. Што се однесува на сместувањето, овој хотел се состои од само 18 пространи и елегантни соби и апартмани, покрај луксузниот Boutique апартман, кои има свој приватен пристап, градина и базен.

Кога зборуваме за погодностите, една од најдобрите е секако Schlos терасата со отворен камин и поглед кон величествените планини. Покрај тоа, тука е и елегантниот бар и ресторан, Blue salon, кој е идеален за собири и вечери, како и Schloss spa центарот во кој се наоѓа затворен базен, сауна, парна бања и соби за масажа.

Иако овој хотел е изграден во 1887 година, како приватна резиденција, тој и денес изгледа неверојатно и е подготвен да ги дочека своите гости од целиот свет и да им понуди прекрасен амбиент и погодности какви не можете да видите на друго место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП