25 април, 2024
ПочетнаКОЛУМНИКОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година - М-р Раде Чоловиќ

КОЛУМНА: Среќна Нова 2018 Година – М-р Раде Чоловиќ

Почитувани читатели на Денар.мк би сакал да ве известам дека завршувам еден циклус од 10-тина колумни. Се надевам дека ви беа интересни или во најмала рака провокативни за размислување и дискусија. Се обидов да опфатам теми од различни области на економијата, но и општи животни теми.

Сакам да направиме пресек и да уживаме во претстојните празници, па со нови колумни се читаме во Новата Година.

Кога велам пресек немам намера да ја сумирам и анализирам 2017-та година, туку мислам сите за момент да подзастанеме или да намалиме со лудото животно темпо, да погледнеме што сме постигнале до сега, каде сме згрешиле и што би сакале да смениме или подобриме кај себе и во непосредната околина во Новата Година. Јас секако ќе го направам тоа и ќе се обидам она што не сум го остварил или достигнал до сега да го направам или да ги сменам приритетите во 2018-та.

Како и што е редот им посакувам на сите читатели на Денар, на сите граѓани на Република Македонија и на сите мои читатели Среќна Нова, многу здравје, мир, успеси и многу, многу љубов. Ќе продолжам со список на желби, што  посакувам да ни се остварат на сите нас во Новата Година:

  • Да имаме зголемен бруто домашен производ,
  • Да имаме многу странски и домашни инвестиции,
  • Да имаме поголеми плати,
  • Да имаме подобро здравство низ целата држава,
  • Да престане иселувањето на младите,
  • Политиката да ги тргне рацете од бизнисот,
  • Да функционира правната држава,
  • Да дишеме (по)чист воздух,
  • Да имаме многу свадби и нови дечиња,
  • Да се сакаме повеќе себеси,
  • Да сфатиме дека колку си го сакаме домот и семејството, треба да ги сакаме и соседите и околината,
  • Да се намалат каматите на кредитите,
  • Да имаме подобро образование на децата и младите,
  • Да нема сиромаштија во државата,
  • Да се завршат патиштата што се градат и да се започнат и направат нови,
  • Македонија да освои медал на Европското ракометно првенство во Јануари во Хрватска,
  • Машката ракометна екипа на Вардар да ја одбрани европската титула, а женскиот тим да ја освои,
  • РК Металург да се врати на старите патеки,
  • Да имаме претставник во Фудбалската лига на шампиони и во Лига Европа,
  • Да има македонец добитник на Нобелова награда,
  • Да имаме наш филм кандидат за Оскар,
  • Да имаме убави театарски претстави, изложби, опери и балети насекаде нз Македонија,
  • Да читаме убави книги,
  • Да не се делиме на ….овци и ….овци,
  • Да имаме најуспешна туристичка сезона,
  • Да ги вратиме домашните сорти на зеленчук и овошје на нашите ниви и трпези,
  • Да започне да се градат Чебрен и Галиште,
  • Да се гасифицира цела држава,
  • Да влеземе во НАТО,
  • Да ги започнеме преговорите за влез во ЕУ,
  • Да слушаме добра музика,
  • Да победиме на Евровизија,
  • Да доаѓаат врвни музички ѕвезди и да прават концерти во Македонија,
  • Да има повеќе дружби и кафеани,
  • Да одиме на зимски и летен одмор и да не изгориме на сонцето J,
  • mk да стане сајт број 1 во Македонија.

На крај, се извинувам за сите ненамерни правописни (сваќа и сфаќа, а кој не (с)фаќа …..) и други грешки низ моите текстови и му благодарам на Денар што ми овозможува да ги споделам моите мисли и ставови со вас.

Се читаме.

М-р Раде Чоловиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП