28 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕKerckebosch - Модерна вила во Холандија (фото)

Kerckebosch – Модерна вила во Холандија (фото)

Оваа семејна вила неодамна е изградена во една шума во центарот на Холандија…

Вилата „Kerckebosch“ ја дизајнираше архитектонскиот тим „Engel Architecten“ во градот Зеист. Семејната куќа е дизајнирана во меки природни нијанси на цигла и дрво и евоцира на шума со своите природни нијанси на кафена и сива боја, додека песочните бои се усогласени со соседното тревно шумско порачје.

Покрај тоа, силните вертикални и хоризонтални линии на оваа куќа се вклопуваат со гранките и крошните на оваа борова шума.

Транспарентноста е главниот елемент кој го дефинира дизајнот на холандската куќа. Вилата се отвора кон градината, а од дневната соба која се прострира на две нивоа, се овозможува прекрасен поглед кон боровите. Преку високата стаклена фасада, околниот пејсаж санува дел од ентериерот, во кој станарите уживаат.

Овој ефект се засилува, бидејќи стаклените панели се простираат од подот до таванот, што е потполно исто и во ентериерот и надвор.

Архитектите и обезбедиле на оваа вила и прекрасна тераса, создавајќи можност за ручек во природа во топлите летни денови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП