10 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСпектакуларен хотел во Индија (фото)

Спектакуларен хотел во Индија (фото)

По еден преглед на нашата галерија, веројатно ќе посакате да направите пауза и да купите авионски билет за првиот авион за Индија…

Кога ќе стигнете таму, треба да се упатите кон малото село наречено Бишангар во Џипура, каде ова магично место изгледа како веќе со векови да чека некој јунак, да дојде и да ја пронајде љубовта на својот живот.

Гордо сместен на врвот на ридот во средина на планинскиот ланец Аравали, Alila Fort Bishangarh е шармантна, 230 години стара тврдина, која е претворена во уникатен хотел со неверојатна атмосфера.

Оригиналниот шарм на оваа градба е недопрен, па сега овој хотел има и старински столбови, прозори, стилски старински линии прекрасно искомбинирани со неколку модерни детали.

Гостите на овој спектакуларен хотел ќе имаат прилика да ги откријат Бишангар, Амасар и Аварали ридовите, возејќи велосипед, пешачејки или на грбот на камила. По денот исполнет со аванури, на гостите на располагање им е и Spa Alila, кој нуди спектакуларни персонализирани третмани за релаксирање и обновување на духот и телото.

На крајот, секако мораме да го споменеме и Амарсар ресторанот, кој дополнително ќе ви го разубави престојот во овој хотел со своите специјални јадења.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП