25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch предупреди дека може да го намали кредитниот рејтинг на САД

Fitch предупреди дека може да го намали кредитниот рејтинг на САД

fic1

Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“, предупреди дека може да го намали кредитниот рејтинг на САД, од врвниот рејтинг “ААА“, доколу Конгресот не постигне договор за зголемување на лимитот за задолжување.

Ако пратениците не постигнат договор за зголемување на лимитот навремено, „Fitch“ ќе го промени кредитниот рејтинг на САД, порачаа од агенцијата, напоменувајќи дека ризикот Вашингтон да не ги исполни своите финансиски обврски е ислучително низок.

Исто така, тие предупредуваат дека зголемувањето на лимитот на задложување е неефикасен и потенцијално опасен инструмент за задржување на буџетската дисциплина.

САД го достигна лимитот за задолжување од 16,394 милијарди долари на крајот на декември, а пратениците во Конгресот мора да се договорат во рок од неколку дена како да го зголемат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП