29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрефинето луксузен пентхаус во Канада (фото)

Префинето луксузен пентхаус во Канада (фото)

Ви го претставуваме луксузниот ентериер на овој пентхаус во Канада со поглед на пристаниште и планински венец…

Овој пентхаус е дизајниран од страна на канадското студио за дизајн „Смит Дизајн“, неговиот ентериер е прекрасен, луксузен и изработен во арт-деко стил. Пентхаусот поседува 350 квадратни метри, тој е шик и софистициран, украсен со луксузни финиши и прекрасни погодности, како што е прилагодливиот камин во дневната соба, полираниот нерѓосувачки челик и сложениот инженеринг.

Кујната е на повисоко ниво, но и понатака е поврзана со остатокот од домот. Таа содржи предмети од нерѓосувачки челик, мермерен под, мермерна работна површина и барски столчиња.

Во ентериерот се сместени 3 бањи со софистициран изглед, а во нив се сместени огромни туш кабини за целосно уживање.

Дневниот салон е поделен на два дела, едниот дел има релаксирачка софа за секојдневно уживање, а вториот дел има послужбен мебел во кој можат да бидат сместени и вашите гости.

Целокупниот дизајн, во кој се вклучени лустерите, сликите, садовите за салонски цвеќиња, сталажата за вина, прекрасно дизајнираните аквариуми и останатите предмети целосно го надополнуваат просторот и даваат слика на комплетен луксуз.

Во ентериерот најмногу е засапена црната боја, мебелот е изработен од високо-квалитетно дрво, а работните површини се од мермер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП