26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБајковит замок во Киев (фото)

Бајковит замок во Киев (фото)

Инспирирано од суровата убавина на тосканските вили, Baraban+Design Studio го заврши дизајнот и развојот на резиденцијата БО…

Таа се наоѓа во Киев и има вкупна површина од 1.000 квадратни метри. Овој масивен проект, со своите камени ѕидови, многубројни прозори и органски линии, потсетува на старомoден замок.

Ноќе, овој замок се рефлектира во околната вода, па ни дава можност да уживаме во глeтката како од бајка. Што се однесува на ентериерот, дизајнерите одбраа оригинални парчиња мебел и декорација, кои се посебно избирани во Италија, Германија и Франција.

Плафонот и гредите се направени од антички даб, додека старата таписерија од деветнаесетиот век е користена за декорација на некои делови од овој проект.

Кујната во овој замок има 1.97 метри висок камин, кој во целост е направен од мермер. Што се однесува на спалните соби, ѕидовите се направени од железо, прекриено со восок и текстил кој го носи потписот на Лоро Пијано. Во детската соба, старите икони се сместени една до друга, со цртежи од Рој Лихтенштајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП