2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасната Casa Casuarina во Мајами

Прекрасната Casa Casuarina во Мајами

ca19

Погледнете ја прекрасната вила „Versace“, некогашен дом на светски познатиот креатор Џани Версаче, која сега се вика „Casa Casuarina“ и се наоѓа во Мајами.

Овој прекрасен дом во Мајами и понатаму е многу ценет и гламурозен и покрај фактот дека познатиот креатор е убиен токму пред вратите на оваа вила во 1997 година.

Од неодамна вилата повторно е ставена на продажба. Овој грандиозен дом поседува 10 спални соби, 11 бањи, ограден е од сите страни и негов најголем адут е прекрасниот мозаички базен кој е обложен со 24-каратно злато, фрески, статуи и се наоѓа во дворот.

Во навистина екстравагантен Версаче стил, оваа вила во европски стил има рачно насликани ѕидови и фрески на плафоните, инспирирани од разни уметници ширум светот, уникатни мозаици, фонтани, склуптури и лустери, кои ја украсуваат секоја соба и секој двор.

Изградена е во 1930 година и ви дава чувство како да сте се вратиле во минатото, или сте посетиле некој музеј, поради сите интригантни и шарени дизајни.

Уживајте во фотографиите…

ca1

ca2

ca3

ca4

ca5

ca6

ca7

ca9

ca10

ca11

ca12

ca14

ca15

ca16

ca17

ca20

ca21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП