27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната семејна вила - Caruth Boulevard (фото)

Луксузната семејна вила – Caruth Boulevard (фото)

Светското познато дизајнерско студио, „Perkins+Will“ ја дизајнираше неверојатната „Caruth Boulevard“ луксузна вила…

Оваа неверојатна семејна вила се наоѓа во Далас, во Тексас и содржи многу фантастични елементи на дизајни. Еден од тие е секако кадата која има поглед на совршено уредениот двор.

Овој дом е совршено вграден во своето природно опкружување исполнето со дрва, а користи традиционални пропорции со цел што подобро да се вклопи во остатокот од соседството. Хоризонтални линии ја поврзуваат оваа вила со тлото, додека пак, покривот и неверојатно смирувачката тераса ја поврзува со природата и дрвата, правејќи го така дрвото многу важен елемент од овој дом.

Дизајнот на ентериерот на оваа луксузна семејна вила ни го претставува стилот на животот на нејзиниот сопственик на совршен начин, со отворени простори, кои ја интегрираат внатрешноста со надворешноста.

На првото ниво централното јадро е користено како главен елемент на организацијата и дизајнот. Овој дом користи соларни панели и рециклирани материјали, додека во изборот на детали големо внимание е посветено на нивната одржливост, со цел да се зачува природната средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП