6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен термален резорт во Австрија (фото)

Луксузен термален резорт во Австрија (фото)

Доколку сакате зима и релаксирање во вода, посетете го „Aqua Dome“ термалниот ресорт во Австрија, за незаборавен зимски одмор…

Со локација во планините кои го одземаат здивот во Отцел, едно од најголемите скијалишта во близина на Тирол, овој ресорт е дизајниран како обележје на овој регион, и успешно го импресионира секој кој ќе дојде на одмор.

Овој резорт е пополнет во текот на секоја сезона, поточно угостува повеќе од 350.000 посетители секоја година, во модерен хотел кој се состои од 200 пространи и елегантни соби. Главниот украс на овој модерен алпски резорт е конусниот премин кој поврзува три базени, креирани така за да изгледаат како да лебдат во воздухот.

„Aqua Dome“, исто така, има и голем сауна комплекс и конференциски центар, и голем базен и неколку погодности наменети за деца. Исто така, можете да уживате и на сончевите платформи, од кои се овозможува прекрасен поглед кон планините. Доколку не сте во можност да го посетите во текот на зимата, не грижете се. Подеднакво добар е одморот и на лето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП