28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето добивката на Lenovo скокнала за 34 %

Нето добивката на Lenovo скокнала за 34 %

lenovo1

Кинескиот производител на компјутери „Lenovo“ во четвртокот извести за 34-постотниот скок на нето добивката во својата фискална година, и покрај забавувањето на пазарите за компјутери.

Нето добивката за финансиската година која заврши на 31 март изнесувала 635,15 милиони долари. Приходите се зголемени за 14,5 проценти, на 33,87 милијарди долари.

Вториот по големина производител на компјутери во светот го зголеми својот удел на светскиот пазар на сметка на водечкиот производител на листата „HP“. Уделот на „Lenovo“ сега изнесува 15,5 проценти.

Резултатите на кинеската компанија силно ги поддржува секторот за мобилен интернет и дигитални апарати за домаќинство, како и зголемената испорака на „паметни“ телефони.

„Одделот за компјутери повторно забележа одлични резултати, надминувајќи ги пазарите во сите географски сегменти“, се наведува во соопштението на „Lenovo“ за берзата во Хонг Конг, каде што се наоѓаат акциите на компанијата.

Во „Lenovo“ истакнуваат дека забележиле раст и покрај забавувањето на пазарот за компјутери, кој во однос на минатата година се намалил за осум проценти. На кинескиот пазар компанијата остварила 43 проценти од вкупниот приход.

Во ноември, од компанијата објавија дека го заземале водечкото место во светот по бројот на продадени компјутери и лаптоп компјутери, а ја одбраниле позицијата на компанија со најголем број на продадени компјутери на пазарите во развој, вклучувајќи ја и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП