9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцузите го тужат Amazon: Не е чесно...

Французите го тужат Amazon: Не е чесно…

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер поднесе тужба против „Amazon“, американскиот гигант во електронската трговија.

Тужбата е поднесена поради наметнување на нечесен трговски однос со добавувачите во таа земја.

Тужбата следеше по истрагата која ја спроведе француското тело надлежно за контрола на измами, DGCRF, известува агенцијата АП.

Тој државен орган соопшти дек Ле Мер бара парична казна од 10 милиони евра (11,8 милиони долари).

Истражувачите од DGCRF утврдиле дека „Amazon“ им наметнал низа омаловажувачки клаузули на своите трговски партнери во Франција, вклучувајќи ја можноста за едноставна измена или прекин на договорот.

DGCRF наведува дека француската влада сака „подобро да ја регулира активноста на големите дигитални платформи и да обезбеди поголема транспарентност, избалансираност и доверба во нивните односи со компанијата“.

Од „Amazon“ за АП изјавија дека не ги коментираат судските процеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП