5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКако од бајка - Најскапата вила во Кина (фото)

Како од бајка – Најскапата вила во Кина (фото)

Оваа вила со дури 32 спални соби, 32 бањи и прекрасна градина, се наоѓа на приватен остров и чини околу 154 милиони долари…

„Ова е досега најексклузивниот листинг кој го имаме во Кина“, изјави Џим Хао, потпретседател на пекингшкото одделение Sotheby’s International Realty. Оваа вила се продава под името Taohuajuan, што значи Утопија, односно буквално преведено „Земја на цветови од праска“.

Се наоѓа на јужната обала на езерото Сузоу Џус, и со самото тоа нуди врвен поглед на околината. Нејзината градба траела околу три години. Компанијата Xianshanbang Traditional Architectural & Building Skills рачно ги изработила сите цигли користени во нејзината изградба, додека пејсажната архитектура на имотот на кој таа се наоѓа е инспириран од источните градини.

„Постојат веќе неколку клиенти кои се заинтересирани за купување на овој имот“, изјави агентот за недвижнини Јуан Жао Фенг. Ќе бидеме изненадени доколку пред тоа не ја купи некој кинески милионер или милијардер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП